Во оптек двојазична поштенска марка со ликот на Скендер бег иако законот не е стапен на сила

Двојазична поштенска марка со ликот на Скендер бег денеска беше промовирана во Собранието иако Законот за јазици, се уште не е стапен на сила. Поводот е 550 годишнината од смртта на Скендер Бег. Mарката веќе се најде и на веб сајтот на Македонски пошти. Издадена е во тираж од 6 илјади примероци и номинална вредност од 18 денари.

 

Претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, не знаеше да одговори по кој закон или пропис е изработена марката.

 

Генералниот директор на Македонска пошта, се повика на внатрешни прописи. Во Законот за јазици, кој беше изгласан од Собранието, е предвидена можноста, поштенските марки да бидат двојазични, но за тој да стапи на сила, се уште се чека потписот од претседателот Иванов.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien