Продолжува проектот „Бањско-климатска рекреација на корисниците на пензија“

Министерството за труд и социјална политика, во соработка со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, продолжува со реализацијата на проектот „Бањско-климатска рекреација на корисници на пензија“.

 

Сите заинтересирани пензионери, почнувајќи од 15-ти јануари, па се до 15-ти февруари 2018-та, ќе можат да поднесат барање за користење на услугите од двата проекта во филијалите на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија. Се работи за пензионери кои се корисници на старосна, семејна и инвалидска пензија, кои живеат во Република Македонија.

 

За разлика од претходните, оваа година се овозможува услугата да ја користат корисници на пензија на кои износот на пензијата за ноември им изнесува до 17.000 денари. При бодирање и рангирање на корисниците на пензија единствено ќе се земе предвид висината на пензијата, при што понискиот износ на пензија ќе има повеќе бодови. Доколку корисникот на пензија користи и дел од пензија што се исплатува од друга држава при бодирањето, ќе се земе во предвид и износот на пензијата што се исплатува и од другата држава.

 

Услугата може да се користи во периодот од март до ноември во траење од седум дена, а опфаќа шест полни пансиони, бањска терапија, задолжителен здравствен преглед, и трошоци за превоз во износ на повратна автобуска карта. Заинтересираните образецот на барањето може да го најдат во сите филијали на Фондот на ПИОМ и на веб-страницата на Фондот на ПИОМ.

 

За двата проекта во буџетот на Министерството за труд и социјална политика се обезбедени 35 милиони денари, како и три милиони денари за превоз.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien