Шанса за историја: Данска ја победи Шпанија, Македонија е прва во групата во Вараждин

Данска ја победи Шпанија во дербито на групата Д со 25-22, па и го завери првото место на Македонија во втората фаза на Европското првенство во Хрватска.

 

Поранешниот вардарец Алекс Дујшебаев со шест гола беше најдобар стрелец кај Шпанија, но Петер Балинг со осум, надополнет од Мика Хансен со шест и Расмис Лауге Шмид со четири беа незадржливи за Шпанците и на Данска и ја донесоа победата за и тие со два бода да влезат во втората рунда, откако Чешка со победата над Унгарија направи уште една сензација и одигра за Македонија.

 

Македонија како првопласирана од Ц групата се пласираше во втората фаза од Европското првенство пренесувајќи три бодови. Но благодарение на резултатите од групата Д, втората фаза ја почнуваме на првата позиција. Шпанија, Данска и Чешка пренесоа само по два бода, исто колку што има и Германија.

 

Прв пат во историјата Македонија како лидер ја почнува фазата во едно големо натпреварување, а тоа ни дава шанса и за историски успех и пласман во полуфиналето. Се наоѓаме во одлична позиција.

 

Најпрво на 21 јануари започнуваме со репрезентацијата на Шпанија, два дена подоцна ќе играме против Чешка, а последниот натпревар од групата ќе го имаме против Данска следниот ден.

 

Табела на група 2
1. Македонија 3
2. Шпанија 2
3. Данска 2
4. Германија 2
5. Чешка 2
6. Словенија 1

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien