Курц: ЕУ мора да биде поштедлива и поефикасна и да работи на подобрување на односите со Москва

Facebook
Twitter
Email
Print

Австрискиот канцелар Себастијан Курц оцени, пред својата денешна посета на Берлин, дека ЕУ мора да биде поштедлива и поефикасна, и изрази скептичност за предлозите кои предвидуваат воспоставување заеднички буџет на еврозоната за што се разговара во Германија.

 

Курц, во интервју за „Франкфуртер Алгеммајне цајтунг“, посочи дека е скептичен кога станува збор за буџет на Еврозоната, со што ја најави неговата позиција што е спротивна на онаа што ја застапуваат големите партии во Германија.

 

„Принципиелно ја поддржувам целта за потранспарентна, поконкурентна и поодржлива Европа. Во преговорите за повеќегодишната финансиска рамка по Брегзит не треба да дојде до еднострано поголемо оптоварување за нето плаќачите како што е Австрија. Наместо тоа Унијата треба повеќе да штеди и да биде поефикасна“, констатираше Курц.

 

Курц денес, за време на престојот во Берлин, ќе разговара со својата германска колешка Ангела Меркел и претседателот на Бундестагот Волфганг Шојбле.

 

„Германија е нашиот најважен сосед и партнер“, истакна Курц.

 

Инаку, првата посета откако стапи на должност го одведе Курц во Брисел, за да покаже дека новата австриска влада е јасно проевропска, а втората во Париз кај претседателот Емануел Макрон.

 

Курц исто така прокоментира и за санкциите против Москва. Според Курц, на долг рок, мирот во Европа може да постои само со Русија како партнер, а не противник. Но, тоа не значи дека ЕУ може да ги “затвори очите за прекршување на меѓународното право”. Според Курц, поради тоа е потребно разумно постепено укинување на санкциите против Москва при напредок во спроведувањето на Минскиот договор.

 

„Европската унија треба да инсистира на напредок во решавањето на украинскиот конфликт во спроведувањето на министерските аранжмани. Ако има напредок, пожелно е да се откажат од санкциите чекор по чекор, за да се создаде поттик за понатамошен напредок“, изјави Курц.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи