Лазаров: Одигравме велемајсторски, знам дека Стоилов ќе биде нашиот најдобар играч во Вараждин

Facebook
Twitter
Email
Print

Македонија дојде до големо реми против европскиот шампион Германија (25:25) и како првопласирана со три пренесени бода оди понатаму во следната фаза од Европското првенство кое ќе се игра во Вараждин.

 

Стојанче Стоилов, пивотот на македонската ракометна репрезентација, по натпреварот против Германија истакна дека жали што не успеал да погоди за победа на „црвено-жолтите“ против Германија, но потенцира дека таков е ракометот и дека во иднина може среќата да ја посака нашата селекција.

 

„Кога ќе промашуш шут за победа, нерешеното не е слатко. Имав шанса да го решам натпревар. Избрзав и шутнав лошо. Соиграчите за среќа ме покрија. Имаме три, наместо четири бода. Денес промашив, утре можеби ќе погодам, тоа е ракометот. Се надевам дека играта од овде ќе ја пренесеме во Вараждин, со полна сала можеме до добар резултат“, изјави Стоилов.

 

Нашиот капитен пак изјави дека сите треба да дадеме поддршка за Стоилов, кој што со борбеноста, квалитетот и со големото срце, заслужи овации од публиката. Спортот е таков и секому може да му се случи, заклучи Лазаров.

 

„Столе е наш најголем борец и секому може да му се случи да промаши ваков удар. Одлично го познавам и верувам дека во Вараждин ќе биде нашиот најдобар ракоматар. Прикажавме голема партија против една голема Германија. Одигравме машки, мудро, бевме присебни во последните пет-шест напади, што воопшто не е лесно. Одигравме велемајсторски и што е најважно добивме нови играчи во Поповски и Пешевски. Борко бранеше импресивно, секоја чест и за него. Треба да продолжиме да се надополнуваме и да продолжиме да растеме. Патуваме за Вараждин и се надеваме на нови добри резултати“, вели Лазаров.

 

Еден од нашите најдобри поединци вечерва беше Филип Талески, кој одигра маестрално и пожртвувано, како во нападот, така и во одбраната.

 

„Ова беше еден тежок натпревар, реков и претходно дека ова за нас ќе биде еден меч меч за душа, бидејќи немавме притисок. Мислам дека заслуживме да победиме, но пренесуваме три бода, завршивме како први први, а за нас тоа е голем плус, бидејќи првпат во историјата на македонскиот ракомет, имаме ситуација да пренессеме бодови во следна фаза. Од наша страна ние ги исполнивме обврските кои ни ги зададе селекторот. Сега ни следува наредна фаза со три силни селекции, каде што ако сакаме да ги фатиме тие две позиции што водат во полуфиналето мораме да одиграме добри три меча, мора да се подготвиме за првиот меч бидејќи имаме одмор. Треба да имаме ладни глави и максимално спремни да одиме на тоа што не очекува понатаму“, изјави Талески.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи