Македонија скокна три места на ФИФА ранг листата

Македонската фудбалска репрезентација 2018-та година ја започнува со позитивна вест. На првото рангирање на ФИФА годинава, фудбалската репрезентација забележа скок од три позиции и моментално се наоѓа на 73-то место на светската листа.

 

Последен пат на ова место македонската фудбалска репрезентација се наоѓаше пред нешто повеќе од седум години, кога и почна падот на македонскиот репрезентативен фудбал.

 

Меѓу најдобрите десет репрезентации на листата, нема некоја голема промена. Германија остнаува на првото место пред Бразил, Португалија, Аргентина, Белгија, Шпанија, Полска, Швајцарија, Франција и Чиле.

 

Ќе потсетиме дека Македонија набрзо на 24 јануари по ждрепката во Лозана, ќе ги дознае противниците за новоформираната Лига на нации. Нашата репрезентација која ќе биде меѓу носителите во лигата Д, ќе има шанса токму преку новиот проект на УЕФА да влезе во битката за место на Европското првенство во 2020 година.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien