Најмрачниот декември во историјата: Сонцето сјаело само 6 минути

За жителите на Москва, изминатиот декември бил најмрачниот месец во историјата на градот, бидејќи Сонцето, се појавило на нешто повеќе од шест минути, соопшти Руската федерална служба за хидрометеорологија.

 

Тоа се случува поради географската ширина на која се наоѓа руската престолнина.

 

„Според опсерваторијата на Московскиот државен универзитет, Москва имала само 6 или 7 минути директна сончева светлина во декември“, рекол директорот на Руската метеоролошка служба, Роман Вилфанд..

 

Претходниот декемвриски рекорд бил во 2000 година кога Москва имала само три часа директна сончева светлина. Директната сончева светлина над Москва вообичаено трае десетина часови во текот на месец декември.

 

Од средината на јануари сонцето започнало подолго да сјае над Москва, односно далеку повеќе во однос на ноември и декември.

 

Познато е дека руските зими се многу студени, а температурата оваа седмица во одредени области на Јакутија на истокот на Русија се спушти на минус 60 степени.

 

„Дури и за Јакутија која што е позната по острата зима, оваа температура не е нормална“, соопштија од руската метеоролошка служба, додека пак денес во оваа област биле измерени -50 степени Целзиусови, па поради тоа во регионот наставата во училиштата била откажана.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien