Савески: Власта има двојни аршини

Откако Обвинителството се откажа од кривичниот прогон на пратеникот Павле Богоевски, кој беше обвинет како учесник во шарената револуција, Здравко Савевски реагира дека сега и тој очекува да се повлече обвинението за членовите на Левица, инаку ќе стане збор за двојни аршини.

 

„Обвинителството нема да го гони Павле Богоевски. Правилен потег. Немаше основа за кривично гонење. Но, во контекст на тоа што кривичната постапка против нас, членовите на Левица, поради нашето учество во протестите во 2016 година, се’ уште трае, да се повлече обвинението против Павле Боговски, а да не се повлече против нас, тоа посочува на двојни аршини. За тој што е во власта – еден аршин, а за тој што критикува – друг аршин. Ќе дочекам пресуда за помалку од 10 години или во мојот случај на тој начин ме казнуваат за критиките кон претходната и кон сегашната власт – со влечкање по судови што е можно подолго?“, пишува Савески на социјалните мрежи.

 

Савески потсетува дека на 25 јануари повторно ќе се појави на суд. Инаку, Судскиот процес за учесниците во шарената револуција трае веќе две години, а постапката е буквално на самиот почеток.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien