„Тврдокорните“ во недела ќе протестираат против двојазичноста

Тврдокорните на 21 јануари повикуваат на масовен протест против двојазичноста пред Собранието на Република Македонија.

 

Нивното соопштение ви го пренесуваме во целост:

 

Браќа Македонци ве повикуваме да се придружите на протестот против двојазичноста. Слушнете го плачот на Мајка Македонија и дојдете во недела на 21ви јануари во 13 часот пред Собранието. Протестот е организиран од Тврдокорни, Македонските Обединети Сили, а ќе ни се придружат и неколку помали здруженија. 

 


Двојазичноста е губење на македонскиот карактер на државата. И не само тоа, со двојазичноста директно ја губеме и самата држава! Со двојазичноста де факто стануваме
трета албанска држава на Балканот. Македонија по секоја цена треба и мора да остане дом на Македонскиот народ.

 


Внимавајте добро, барем половина од сите вие кои го читате овој текст нема да бидете на овој свет после 30-40 години, но другата половина ќе страда од последиците од овој закон за двојазичноста. Вие не сте единствени кои ќе страдаат од овој закон, дури и после вашата смрт вашите деца, внуци и правнуци ќе ги чувствуваат последиците од овој закон за двојазичностa. Двојазичноста е проблем кој се отвора и кој може да трае со векови. Ако во иднина сакаме да ја укинеме двојазичноста, тоа може да резултира и со граѓанска војна!

 


Внимавајте, во Втората светска војна се боревме токму против ова што го направија нашите предавнички политичари. Двојазичноста е плукање по крвта на партизаните и бранителите. Да биде Mакедонскиот јазик денес официјален јазик во нашата држава, било потребно 115.000 Македонци со пушка во раката да се кренат на востание, со крв да се жртвуваат… Овој закон за јазиците ги поништува одлуките од Првото заседание на АСНОМ на кое што Mакедонскиот јазик станува официјален јазик на Македонската држава. Албанскиот јазик не само што се предлага да биде службен на целата територија на Република Македонија, туку се предвидува и основање на посебна институција која ќе врши надгледување и казнување доколку не се спроведува двојазичноста. Со оглед дека таква институција нема, ниту е предвидено да има за заштита на употребата на Македонскиот јазик, де факто албанскиот јазик се издигнува на ниво на прв службен јазик во државата Македонија!

 


Света должност на секој Македонец е да ја одбрани татковината од двојазичноста и губењето на македонскиот карактер на државата. Овој закон за двојазичноста ќе има долготрајни и несогледливи последици врз нашата татковина. По никоја цена НЕ СМЕЕ да дозволиме двојазичност на целата територија. Таквиот закон ќе ја албанизира државата и ќе ја уништува.

 


Во 2001 година најголем дел од преговорите помеѓу нашата Влада и терористите беа токму за јазикот. Зошто се боревме во 2001, зошто умираа македонските синови!? Зарем гласот за коалициониот партнер на Зоран Заев е поважен од животот на македонските синови!? Зарем целата држава треба да страда бидејќи Зијадин Села планира да гради политичка кариера!? Зарем целиот наш народ треба да страда поради амбициите на Села и Ахмети да градат политичка кариера!? Зарем цела држава треба да оди по паметот на терорист кој во Луцерн, Швајцарија е деклариран за инвалид на нервна основа!? Зарем ние да ја изгубиме државата поради амбициите на албанските партии!? Зошто да им го правиме ќеифот на албанските политичари!?

 


Која е причината албанскиот да биде службен јазик во Гевгелија, Валандово, Струмица, Кочани, Штип, Радовиш, Берово, Крива Паланка? Самиот израз малцинство доволно кажува, малцинството е малцинство, а не доминантен народ и не живее на целата територија.

 


Ние ги гласаме и ги плаќаме нашите политичари како наши претставници и тие се должни да не слушаат нас. Народот е тој што треба да одлучува, а не политичарите. Сегашната власт долги години најавуваше дебата за сите одлуки. А денес истата таа гарнитура го турка законот во “Собранието“ со “европскo знаменце“ се’ со цел да ја суспендира демократијата и со диктаторски методи да ни ја наметне двојазичноста. Нашите политичари се поголеми Албанци и од Албанците. Зошто прашањето никогаш не е “Кои права ги имаат Македонците во Албанија?”, туку секогаш прашањето е “Правата на Албанците во Македонија?”. И Македонците во Тирана имаат право да го користат својот мајчин јазик. Зошто македонскиот денар да биде напишан на албански, а да не биде и спротивното, албанскиот лек да биде напишан на македонски? Македонските политичари наместо да се борат за правата на Македонците, тие се натпреваруваат кој е поголем Албанец во Македонија. На 01.09.2017, премиерот Зоран Заев во Арачиново изјави “Заедно пишуваме историја. Јас сум првиот Македонец што се бори за правата на Албанците…” Зар гробот на Македонскиот народ да биде ископан заради амбициите на некој да биде премиер и да гради кариера?

 

И јавно ги повикуваме сите партиски продадени души, претанете да лажете со споредби со другите држави. Ако ги погледнеме примерите на другите држави кај што има двојазичност, како на пример Ирска, ќе видиме дека таму официјални јазици се старите јазици на државите или јазици на култури слични со нивната. На пример, во Ирска официјален јазик е мртвиот ирски јазик, кој задолжително се учи на училиште. Во македонски услови, тоа е како ние да го поставиме античко-македонскиот јазик за официјален јазик и тој да биде задолжителен во училиштата. А плус на ова, за официјални јазици да ги поставиме и јазикот на Калашите и Хунзите. Ако ова го каже некој, дури и ќе биде јавно критикуван од таа група која орбитира околу платеничките портали кои добиваат финансии од странски организации. Во цел свет имигрантите се прилагодуваат на државата кај што дошле, зошто и овие што бараат двојазичност не се прилагодат? Никој не им брани да се цивилизираат, образуваат и интегрираат, но тие не знаат ништо друго освен камења, ножеви, калашникови и наркотични сретства.

 


До сите партиски војници, јавно ве прашувам и ве молам одговорете – која е причината албанскиот да биде службен јазик во Гевгелија, Валандово, Струмица, Кочани, Штип, Радовиш, Берово, Крива Паланка? Зар јас треба да ја изгубам државата за вие да си добиете партиски вработувања за плата од 400 евра?

Зар треба ние да ја изгубиме државата за да може некој да гради политичка кариера? Зар јас треба да ја изгубам државата за да може да се вработат неспособните партиски војници кои ја бранат двојазичноста? Зар ние треба да ја изгубиме државата за некој да стане министер или премиер???

Да живее Македонија!

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien