ВИДЕО – Столтенберг: Има простор за уште знамиња пред седиштето на Алијансата

Facebook
Twitter
Email
Print

Повеќе од 15 години припадниците на вашите висококвалификувани армиски сили беа рамо до рамо со своите меѓународни учесници во мисиите на НАТО носејќи безбедност и стабилност во Авганистан, а во 2001 и 2002 НАТО даде значителен придонес во стабилноста на оваа земја, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во неговото обраќање пред пратениците во Собранието на Република Македонија, каде присуствуваше и државниот врв и претставници на верските заедниците.

 

Столтенберг од собраниската говорница ја пофали Македонија за напредокот и реформите за кои рече дека ја отвораат можноста за полноправно членство во Алијансата.

 

 

„НАТО е најуспешната воена алијанса во историјата претставувајќи повеќе од половина од светската економска сила, половина од европската воена сила, вклучени сме во Западен Балкан во изминатите повеќе од две декади, бидејќи сакаме овој регион да биде безбеден, напреден и слободен, затоа што сакаме оваа земја да биде безбедна, просперитетна и слободна“, рече Столтенберг.

 

За Столтенберг, настаните од 27 април биле шок за него и за земјите членки на НАТО, но исто така бил импресиониран од напредокот постигнат од 27 април наваму.

 

„Настаните во април во оваа сала ме шокираа и мене и членките на НАТО, но импресионирани сме од напредокот последните девет месеци, од создавањето на нова, инклузивна политичка култура. Пред девет месеци се приближивте до работ на карпата, но оттогаш од држава со потенцијална нестабилност се претворивте во држава со реална можност. Како поранешен пратеник и премиер на Норвешка ги разбирам предизвиците со кои се соочувате. Онаму каде има инклузивност и отворен дијалог, постои и истрајност“, рече генералниот секретар на НАТО.

 

Тој ја поздрави и транспарентноста, судските реформи и Планот 3-6-9 на Владата, но рече дека истото мора да продолжи. Воедно ги поздрави усвојувањето на Законот за употреба на јазицитеи Договорот за добрососедство со Бугарија, а ја пофали Владата и за подобрените односи со соседите.

 

„Алијансата сака да ве види на масата. Преминувањето на прагот бара сериозна работа. Бидете транспарентни со нас за реформите, ние ве поддржуваме и ќе помогнеме колку што можеме. Вратите на НАТО се отворени. Претворивте држава на реална можност од една нестабилна држава, за нова просперитетна држава. Вие ја иате и визијата и алатките, рече Столтенберг во Собранието.

Посочувајќи го примерот со членството на Црна Гора во НАТО, Столтенберг рече дека има простор за уште знамиња пред седиштето на Алијансата, алудирајќи дека Македонија има реална шанса да стане полноправна членка на Алијанса

 

Ја поздрави исто така и волјата на Владата за решавањето на спорот со името, но рече дека освен тоа, потребно е да се продолжи со работа, бидејќи Алијансата како што рече тој, споделува и исти вредности и принципи.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи