Во пожар во автобус загинаа 52 луѓе во Казахстан

Facebook
Twitter
Email
Print

Педесет и две лица ги загубија животите во пожар кој зафатил автобус во зафрлен дел од Казахстан, соопшти надлежното министерство.

 

Од 57 луѓе колку што се превезувале во автобусот на патот меѓу градот Самара и Шимкент, само пет лица преживеале, од кои тројца биле возачи, кои успеале навреме да излезат од запаленото возило, соопшти портпаролот на регионалното минситерство за вонредни состојби, Виталиј Синев.

 

Преживеаните биле префрлени во болница, но ниеден од нив нема повреди поради коишто треба да биде хоспитализиран. Засега нема подетални информации за идентитетот на настраданите.

 

Еден од возачите изјави дека возилото било регистрирано во Казахстан, изјави официјалниот претставник на Министерството, Руслан Иманкулов, за АФП.

 

Тој рече дека пожарот многу брзо се проширил низ автобусот – модел „Икарус“ направен во Унгарија. Овие автобуси сè уште се користат во поранешните советски нации, и често се стари со децении. Според него, помошната странична врата од автобусот била блокирана, што ја спречило евакуацијата на патниците и придонело за големиот број жртви.

 

Локалните медиуми известуваат дека патниците биле главно жители на соседен Узбекистан, додека возачите биле Казахстанци и тие биле на пат од или кон Русија. Маршутата, која е долга околу 2.200 км, често ја користат узбечките мигрантски работници што патуваат до градежни локации во Русија, велат познавачите.

 

Засега не е позната причината за избувнувањето на огнот. Истрагата покренала дело „нарушување на правилата за патен сообраќај или користење транспортни средства од лица кои управуваат со транспортни средства, предизвикувајќи смрт на две или повеќе лица“.

 

Минатиот октомври, друг казахстански автобус кој што пренесувал преку 50 Узбекистанци беше удрен од воз во Русија откако претходно заглавил на шините, а во несреќата тогаш животот го загубија 17 лица.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи