Во Франција стартуваше производството на првите велосипеди на водород во светот

Facebook
Twitter
Email
Print

Француската компанија „Pragma Industries“ стана првата компанија во светот која почна индустриско производство на велосипеди на водород за комерцијална и градска употреба. Компанијата има седиште во градот Биариц и веќе има 60 нарачки за велосипедите.

 

Велосипедите „Alpha“ на „Pragma“ можат да поминат 100 километри со само 2 литри водород. Иако досегот е ист како кај електричните велосипеди, времето за полнење е значително помало – додека традиционалните електрични велосипеди се полнат 2 часа, велосипедите на водород се полнат за само неколку минути.

 

Иако велосипедите се премногу скапи за комерцијалниот пазар, се очекува цената да се намали од 7.500 на 5.000 евра, додека станиците за полнење чинат 30.000 евра.

 

„Многу компании имаат прототипови на велосипеди на водород, но ние сме првите кои почнуваме сериско производство“ вели основачот на „Pragma“, Пјер Форте.

 

„Pragma“ има два вида станици за полнење – едните вршат хидролиза на водород за да генерираат гориво на лице место, а другите, поевтините, користат боци со веќе готов водород.

 

 

Поради високите трошоци „Pragma“ моментално ги рекламира своите велосипеди за поголема комерцијална употреба како јавни велосипеди за изнајмување, корпоративни велосипеди, градски велосипеди или велосипеди за достава.

 

Откако минатата година произведе 100 велосипеди, „Pragma“ се надева дека годинава ќе продаде уште 150 во земји како Норвешка, САД, Шпанија, Италија и Германија.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи