Барса работи со полна пареа: Во два дена, два нови договори

Oткако во текот на вчерашниот ден беше објавено дека Жерард Пике се договорил за продолжување на договорот со Барселона, денес Каталонците објавија дека постигнале договор и со Серхи Роберто.

 

Барселона на својот официјален профил објави дека Роберто потпишува нов договор со клубот кој ќе има важност до 30 јуни 2022 година и исто како и во договорот на Пике и Роберто во својот договор ќе има откупна клазула од 500 милиони евра.

 

Роберто како и Жерард е продукт на школата на Барселона, популарната Ла Масија при што постепено се градеше и сега е важен дел од играта на клубот.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien