ВИДЕО: Летечкиот Холанѓанец – Силните ветрови тркалаат луѓе по улиците ширум Европа

Најмалку три лица загинаа во Холандија во силната бура која рушеше дрвја, превртуваше камиони и го блокираше воздушниот и железничкиот сообраќај, а ураганот Фредерика, со налети од ветер со јачина и до 160 километри на час во повеќето делови од Германија целосно го запре воздушниот и железничкиот сообраќај.

 

Властите апелираат до граѓаните да не ги напуштаат становите без нужна потреба. Германските медиуми пренесуваат дека на поедини патишта на северот до судири доаѓа „секоја втора минута“.

 

Најголемо внимание привлекоа снимките од улиците на Холандија. Луѓето се обидуваат да ги зачуваат своите велосипеди да не им одлетаат, и и самите имаа проблем да се одржат на земја. Како што може да се види на снимката, еден Холанѓанец, и буквалнот прелета преку плоштадот носен од ветерот.

 

 

Холандскиот метеоролошки институт издал за поголем дел од земјата предупредување со ознака „црвено“ кое е највисоко можно за временските услови.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.