ОН: Светот рапидно се затоплува – последните три години се најтопли досега

Трите последни години се најтопли досега, а темпото на глобалното загревање констатирано во овој период е „исклучително“, предупредија Обединетите нации.

 

„Потврдено е дека 2015, 2016 и 2017 година биле најтопли воопшто регистрирани досега и оти е јасно дека тоа е поврзано со долгорочното загревање предизвикано од порастот на ефектот на стаклена градина во атмосферата“, соопшти Светската метеоролошка организација.

 

Најтопла од трите години била 2016 година со просечна температура повисока за 1,2 степени Целзиусови во споредба со прединсустриското време (референтен период од 1880 до 1990). Таа година беше под влијание на природниот феномен Ел Нињо, кој се појавува секои три до седум години и може да ја зголеми просечната температура, да влијае на струењата и на врнежите.

 

„Новите податоци покажуваат дека светот забрзано се загрева“, изјави Дејв Реј, професор на Универзитетот во Единбург, реагирајќи на извештајот на Светската метеоролошка организација.

 

Според директорот на Светската метеоролошка организација, Петери Талас поважно е да се набљудува долгорочниот развој на температурата, кој има тенденција на раст отколку да се врши класификација на годините.

 

„Седумнаесет од 18 најтопли години се во 21 век и темпото на загравање што е констатирано во последните три години е исклучитечно. Затоплувањето посебно е видливо на Арктикот и тоа ќе има трајни последици на нивото на морето и на метеоролошките услови во други делови на светот, посочи Талас.

 

Според најновите податоци, СМО констатираше дека просечната температура на површината на Земјата во 2017 и 2015 година ги надминала пред-индустриските температури за околу 1,1 целзиусови степени. Експертите велат дека е речиси невозможно да се прави разлика помеѓу овие две години, бидејќи температурните разлики се помали од стотиот дел на степенот, што е помалку од маргината на статистичка грешка.

 

ОН за извештајот ги користеше податоците на Американската управа за океани и атмосфера (НОА), американската вселенска агенција НАСА, британскиот Центар Хедли за метеоролошки услуги, Европскиот центар за среднорочни метеоролошки прогнози (ЦЕПММТ) и Јапоснака метеоролошка служба.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien