Унча Бојаџиески го фати Светиот крст во Крушево за Богојавление Водици.

Унча Бојаџиески го фати Светиот крст во Крушево за Богојавление Водици.

 

На фрлањето на крстот во Крушевско езеро оваа година учествуваа 35 капачи.

 

Градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски им подели симболични награди на сите кои учествуваа во манифестацијата.

 

„На сите капачи им посакувам здравје, среќа, успех и бериќет, како на присутните, така и на сите граѓани“, изјави Христоски.

 

Бојаџиески по втор пат е најуспешен во фаќањето на крстот, а од компанијата „Зегин“ доби бањарка и таблет.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.