Червар задржа белоруски ракометар во последните секунди од мечот – ЕХФ покрена дисциплинска постапка

Европската ракометна федерација покрена дисциплинска постапка против хрватскиот селектор Лино Червар поради потегот кој го направи во финишот од натпреварот против Белорусија.

 

„По инцидентот во последната минута од натпреварот меѓу Хрватска и Белорусија, во кој беше вклучен хрватскиот селектор Лино Червар, беше покрената истрага од страна на Дисциплинската комисија. Веќе се побарани извештаи од официјалните лица и изјави кои ќе бидат доставени до 17 часот. Дополнително преку соопштение до медиумите ќе објавиме каква одлука е донесена од страна на комисијата“, се вели во соопштението на ЕХФ.

 

Во моментите кога имаше само осум секунди и Белорусија напаѓаше, Червар крај аут линијата на кратко задржа еден противнички играч. Брзо потоа беше досуден прекршок во корист на Хрватска, а Копљар во последната секунда погоди за конечни 25:23.

 

„Ма не се работи за никаква намера. Јас имам обичај да одам лево десно по тренерската линија и дојде само до мал судар со играчот во жарот на борбата“, се правдаше Лино.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien