Вучиќ : Србите мора да останат и да опстанат на своите огништа на Косово и Метохија

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, кој се наоѓа во дводеневна посета на Северно Косово, положи венец на местото на убиството на Оливер Ивановиќ.

 

Вучиќ порача дека Србите мора да останат и да опстанат во Косово и Метохија, и покрај тешкиот период што го поминуваат.

 

Тој дојде да им даде поддршка косовските Срби по атентатот врз еден од нивните лидери. Тие беа на разни политички страни, но Вучиќ порача дека сега мора сите да бидат обединети.

 

„Србите мора да останат и да опстанат на своите огништа на Косово и Метохија. Не смееме да бидеме помалку на земјата на која од секогаш сме живееле. Затоа како држава ќе се бориме на сите начини. Во моментов најважни се три работи, а првата е дека Србите мораат да останат и опстанат на Косово и Метохија, а државата мора да го обезбеди нивниот економски напредок, да ја обезбеди нивната сигурност и да се пресмета со криминалот и корупцијата“, порача Вучиќ од Бањска, каде и покрај снежното невреме, го дочекаа голем број граѓани и свештеници од манастирот.

 

Осврнувајќи се на атентатот на Ивановиќ, Вучиќ рече дека Србија, иако била подготвена да учествува во истрагата, што не сака албанската страна, ќе разменува информации со косовските институции, и дека ќе ги почека конечните резултати.

 

„Ќе видиме дали истрагата ќе доведе до извршителите на ова гнасно злосторство.Ако тоа не се случи, многу работи ќе бидат јасни, како што реков првиот ден“, подвлече тој.

 

Вучиќ рече дека по прашањето за безбедност Србија мора да пронадје нови модуси со цел безбедноста и мирот на граѓаните со српска националност да ги направи појасни, повидливи и да има помалку вознемиреност.

 

„За нас од клучно значење е да пронајдеме дополнителни механизми за борба против криминалот и копрупцијата во сопстевните редови“, им порача тој на Србите.

 

На Србите на Косово им се заблагодари на цврстината, постојаноста, храброста и желбата да ја чуваат својата земја, својата Србија, но и своите семејства.

 

„Дојдов да им порачам на Албанците, без оглед што неретко Србите ги доживуваат како, не би рекол непријатели, туку како противници, и неретко имаме различни интереси, дека Србија не само што сака мир, туку ќе даде се од себе тој мир да го зачуваме. Ќе направиме се со цел да ги решиме повеќедецениските и повеќевековните несогласувања, да обезбедиме трајност на тој мир, и безбедност за секоје албанско и српско земејство“, изјави српскиот претседател.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien