Патријархот Неофит: Имаме консензус со МПЦ за главните прашања на претстојното единство

Facebook
Twitter
Email
Print

Имаме консензус за главните прашања на иднината. Претстојат интензивни средби и разговори, изјави за БГНЕС патријархот Неофит во врска со иднината на приближувањето меѓу Бугарската православна црква и Македонската православна црква-Охридска архиепископија.

 

„Претстојат интензивни средби и разговори. Ние се обидуваме да се слушаме со внимание, да го одржиме добриот тон, да се сретнеме со архиереите и со луѓето од кои зависи предвижването на ова прашање. Фала му на Бога дека имаме консензус за главните прашања на претстојното единство“, истакна бугарскиот патријарх.

 

Прашан дали ќе учествува на претстојното одбележување 1.000 години од основањето на Охридската архиепископија, Неофит рече дека ќе се размисли како ќе се одбележи овој датум.

 

„Ќе размислиме како да се одбележи овој датум. Со Бога напред! Ние ќе се стремиме да му служиме на Христовата љубов и мир“, истакна патријархот.

 

Патријархот Неофит се состана на 7 јануари со Вселенскиот патријарх Вартоломеј, каде што служеше миса во обновениот Св. Стефански Железен храм во Истанбул. Потоа, двајцата духовни пастири имале разговори што влијаеле на темата на самопрогласената МКЦ-ОА.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи