Тврдокорните на протест пред Собранието: Со двојазичноста ја губиме државата

Со транспаренти и патриотски песни, Тврдокорните и Македонските обединети сили денеска се на протест пред Собранието на Република Македонија, против Законот за јазиците.

 

Организатори на протестот се Македонски обединети сили (МОС), Македонско патриотско здружение „Тврдокорни“ заедно со уште неколку здруженија кои сметаат дека со двојазичноста се губи македонскиот карактер на државата, се губи и самата држава која дефакто станува трета албанска држава на Балканот.

 

Според нив, нејасно е како албанскиот јазик може да биде службен јазик во Гевгелија, Валандово, Струмица, Кочани, Штип, Радовиш, Берово, Крива Паланка, а замеруваат и за тоа што власта која ветуваше дебати за сè, сега ја суспендирала демократијата туркајќи го законот со европско знаменце.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.