ВИДЕО : Пожар зафати две куќи на улицата „Задарска“ во Прилеп

Попладнево околу 14.50 минути пожар ги зафати кровните конструкции на куќите со број 10 и 12 на улицата „Задарска“ во Прилеп. Во моментот на пожарот сопственикот Диме Врглески заедно со семејството биле во куќата. Огнот го забележале соседите кои ја повикале противпожарната единица и ги известиле Врглески дека имаат пожар на нивниот кров.

 

 

Според сопственикот, кој поради шок не сакаше да зборува пред камерите, огнот најверојатно започнал кај оџакот во таванските простории, но сепак истрагата треба да потврди како точно и од каде започнал пожарот, кој за кратко време се префрлил и на соседната куќа.

 

За среќа од огнот зафатените се само крововите на куќите, но поради гаснењето и огромните количини на вода уништен е и дел од инвентарот на подолните катови. Соседите се обидуваа да спасат дел од покуќнината.

 

Од ТППЕ Прилеп истакнаа дека интервенирале со 4 возила и 10 пожарникари.

 

„Во 14.52 минути примен е повик дека гори куќа на улица Задарска број 12. Од наша страна веднаш е интервенирано со 2 возила и 5 пожарникари. Но потоа е побарана помош од уште 2 возила со уште 5 пожарникари, значи ТППЕ Прилеп за овој пожар интевенираше со вкупно 4 возила и 10 пожарникари. За половина час пожарот беше ставен под контрола, а за некои 45 минути веќе го имавме и целосно изгаснато. Се работеше за специфичен пожар, гореше таванот и кровната конструкција, тоа малку ја отежнува работата во гаснењето, но за кратко време пожарот е локализиран и целосно изгаснат. Зафатени се два станбени објекти од двајца сопственици, куќите се лепенки има оштетувања и на двете куќи. Пожарот ги зафатил само крововите, не е дозволено тој да се прошири и на долните спратови“, изјави Станко Колески, командир на ТППЕ Прилеп.

 

На лице место увид извршија и екипите на полициската станица од Прилеп и Јавен обвинител.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи