Оклахома му одржа лекција на Кливленд на негов терен, Хјустон го нокаутира шампионот

Facebook
Twitter
Email
Print

Тимот на Кливленд Кавалирс е далеку од посакуваното ниво, а тоа го потврди и Оклахома Сити Тандер која му одржа вистинска лекција на вицешампинот во неговиот дом во Охајо.

 

Оклахома постигна дури 148 поени или поточно на крајот славеше со 148-124. Првата петорка на Тандерс беше во центарот на вниманието, дабл-дабл ефекти имаа Адамс (25 поени и 10 скокови) и Ентони (29 поени и 10 скокови), Вестбрук пак беше кус за еднен скок за да дојде до трипл-дабл (23 поени, 9 скокови и 20 асистенции, додека Џорџ „испука“ 36 кошеви.

 

Во домашната екипа најрасположен беше Ајзеја Томас со 24.поени (8/14 од игра), додека потфрли Џејмс со 18. поени (плус седум додавања).

 

Кавси се трети на Истокот со 24 победи на 45 натпревари, а од Божиќ па наваму имаат учинок од 3-9 (победи-порази). Поради ова разочаран е и Леброн Џејмс кој едноставно можеби за прв пат што ќе се случи со оваа екипа.

 

„Плејоф? Не смееме да размислуваме за тоа, не поради начинот на кој сега играме. Можеме лесно да бидеме елиминирани во плејофот ако разигрувањето стратуваше следниот викенд. Не сум размислувал за плејофот. Јас никогаш во мојот кошаркарски живот немам примено 148 поени, ниту на видео игра“, изјави Леброн по натпреварот.

 

Мала утеха за „кралот“ е тоа што потребни му се само уште 7 кошеви да стане најмладиот играч во историјата на НБА лигата кој ја надминал бројката од 30.000 реализации.

 

 

Во дуелот на двата најдобри тимови во Западната конференција, Хјустон беше подобар од актуелниот бранител на насловот, Голден Стејт со 116:108.

 

Џејмс Харден се врати во тимот по повредата постигна 22 поени и го запре Стеф Кари во одбаната. Диригент во играта на Хјустон беше Крис Пол кој мечот го заврши со 33 поени. Кај актуелниот НБА шампион, Кевин Дурант натпреварот го заврши со 26 поени.

 

Кај Вориорс за кои ова десеттиот пораз во сезоната, Кевин Дурент имаше 26. поени, Дрејмонд Грин 21, а Стеф Кари 19, со пет погодени тројки од 15. обиди.

 

 

Резултати: 

Атланта – Чикаго 97: 113
Њу Орлеанс – Мемфис 111: 104
Шарлот – Мајами 105: 106
Филаделфија – Милвоки 116: 94
Јута – ЛА Клиперс 125: 113
Минесота – Торонто 115: 109
Портланд – Далас 117: 108.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи