ВИДЕО: Меси со магични дриблинзи дели лекции за тоа како се изнесува топка од својата половина

Навикнати сме на импресивните изданија на Меси, но се чини никогаш нема да биде доволно да го гледаме како поминува покрај противничките играчи како да се конуси на тренинг.

 

Во 85-тата минута од синоќешниот натпревар на својата половина прими една топка од Нелсон Семедо и почна да ги омаловажува фудбалерите на Бетис со своите магични дриблинзи. Тројца се обидоа да му ја земат топката, но тоа за Меси не претставуваше никаква пречка, па за својата магија беше поздравен со стоечки овации и од противничките навивачи на преполниот „Бенито Вилјамарин“.

 

 

 

Дриблингот во финишот му беше дури 12 на натпреварот со што постави нов рекорд во Ла Лига.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien