Вонредна седница на Советот за безбедност на ОН за состојбата во Сирија

Советот за безбедност на ОН денеска на вонредна седница ќе ја разгледа актуелната состојба во Сирија и прашањето за доставување хуманитарна помош во таа земја.

 

За време на седницата, генералниот секретар на ОН задолжен за хуманитарни прашања Марк Лоукок ќе поднесе извештај за неговата посета на Сирија.

 

Вонредната седница на Советот за безбедност на ОН е свикана по барање на Франција, а шефот на француската дипломатија Жан Ив Ле Дриен претходно најави дека ќе ја покрене таа иницијатива.

 

„На подрачјето на цела Сирија треба да се воспостави примирје и да се овозможи непречена и безусловна достава на хуманитарна помош. Советот за безбедност ќе расправа за Сирија. Франција особено ќе укаже на итноста да се овозможи испорака на хуманитарна помош“, напиша Ле Дриен на Твитер.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien