Димитров до амбасадорите од ЕУ: Можеме да бидеме фактор на успех

Министерот за надворешни работи Никола Димитров оствари средба со амбасадорите на земјите- членки на Европската унија во Република Македонија. Димитров ги информирал ЕУ амбасадорите за актуелните случувања и текот на отпочнатите реформи во Република Македонија.

 

Димитров ја реафирмирал заложбата на земјава за отпочнување на пристапните преговори со ЕУ и неопходноста од обезбедување кредибилност на процесот на интеграција во ЕУ. Исто така, информирал за конкретните реформски активности, пред се, во приоритетните сфери: правосудство, добро владеење, јавна администрација и следење на комуникациите.

 

„Треба да ја искористиме секоја шанса за напредок. Ние ќе направиме се да ве убедиме дека можеме да бидеме фактор на успех, за нас, за регионот и за Унијата“, истакнал министерот.

 

Од страна на ЕУ амбасадорите, била изразена поддршка и биле упатени охрабрувачки пораки за досегашниот ангажман на владата. Истовремено била истакната важноста од континуирано одвивање на процесот на реформи како битна претпоставка за детерминирање на натамошниот тек и динамика на европскиот интегративен процес.

 

Во тој контекст, амбасадорите ја нагласиле неопходноста Република Македонија да се фокусира на имплементација на итните реформски приоритети.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien