Математиката е јасна: Ни требаат две победи за полуфинале

Во новоформираната група два во Вараждин, Германија и Данска очекувано славеа против Чешка, односно против Словенија и го запоседнаа врвот , но и натпревар повеќе од Македонија и од Шпанија , кои меѓусебниот дуел го играа синоќа.

 

Но и покрај тешкиот пораз од Шпанија, Македонија ги задржа шансите за тоа можеби преоптимистичко полуфинале. Математиките и амбициите кои се наметнаа по фантастичниот старт во првата групна фаза, кој можеби никој не го очекуваше, велат дека борбата за полуфинале сè уште не е завршена, но очигледно створиле голем притисок кај ракометарите.

 

 

Математиката е јасна. Македонија нема право на избор и мора да ги добие следните две средби доколку сака да игра во полуфиналето. Со победа против Чешка и потоа против Данска ќе се најде и пред Данците и пред Германците, па во таква ситуација само Шпанија би можела да има повеќе бодови од нас и заедно би заминале во полуфинале.

 

Како што селекторот постојано кажува треба да се оди од натпревар во натпревар и да не се прават долги планови. Затоа прво ќе треба да се врати расположението на исто ниво од пред мечот против Шпанија и одново да се крене мотивацијата. Доколку се обезбеди победа против Чешка (селекција со која игравме во квалификациите) тогаш може да се насочат и силите и вниманието кон мечот против Данска в среда кога ќе се бара место меѓу најдобрите четири на шампионатот.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien