Цените на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ ќе се зголемат за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 67,50 ден/лит, цената на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 69,50 ден/лит, малопродажната цена на Еуродизелот ќе изнесува 60,50 ден/лит, додека пак екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава за 49,00 ден/лит.
Причина за корекциите се растот на берзанската цена на суровата нафта во изминатите 14 дена за 4,54%,како и понискиот курс на доларот во однос на денарот за 1,44%.
За помалку од 6 месеци горивата поскапеа и за 14 денари по литар.