Стратегијата за Западен Блакан ќе биде презентирана на 6-ти февруари

Стратегијата за проширување насловена „Уверлива перспектива за проширување на земјите од Западен Балкан“ ќе биде презентирана на 6 февруари за време на пленарната сесија на Европскиот парламент во Стразбур.

 

Предвидено е колеџот на Европската комисија, со кој ќе претседава Жан Клод Јункер до пладне да го усвои финалниот текст на стратегијата. Потоа, според информациите од Унијата, Еврокомесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан ќе ја презентира пред членовите на Европскиот парламент.

 

Според дел од медиумите кои имале пристап до стратегијата, документот ќе вклучува општи насоки за побрз процес на интеграција на сите земји од регионот, со поконкретни датуми за проценка на Црна Гора и Србија.

 

Се очекува до 2019-та, Македонија и Албанија да ги отпочнат пристапните преговори со ЕУ.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien