ВАР технологијата ќе се користи и на Светското првенство во Русија 2018

Светската фудбалска федерација (ФИФА) на претстојното Светско првенство во Русија ќе ја користи ВАР – технологијата за расчистување на дилемите околу спорните моменти во фудбалската игра. Тоа е веќе одлучено, а се водат преговори со неколку компании околу спонзорството за воведување на оваа технологија.

 

Ова ќе биде за првпат во историјата, на најголемиот светски фудбалски зобир да биде користена видео-технологија која на арбитрите ќе треба да им помогне околу спорните ситуации во текот на натпреварите.

 

Директорот за развој на ФИФА, Филип Л’флок потенцираше дека ВАР технологијата дефинитивно ќе се користи, а таа ќе донесе поголема правичност при одлуките. Разговарајќи дали ВАР заедно со спонзор ќе натстапи на СП, Л’Флок рекол дека „ќе разговара со различни технолошки компании кои биле заинтересирани за она што ФИФА го бара во видео технологијата“.

 

Инаку, конечната одлука се очекува да се донесе во март. Системот ВАР веќе се употребува во неколку европски првенства, освен Шпанија, која му остана верна на традиционалниот судиски пристап, иако за наредната сезона веќе и таму е најавена употребата на компјутерска техонологија.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien