ДУИ најавува амандмани за укинување на патните трошоци

На денешната комисиска расправа во Собранието по однос на законските измени што ги предложи пратеничката група на СДСМ, за намалување на патните трошоци од 30% на 20% од потрошената сума за платено гориво, пратениците на ДУИ најавија дека ќе предложат амандман по однос на законските измени. Со овие амандмани од ДУИ ќе побараат укинување на патните трошоци на сите функционери, најави пратеникот, Џеват Адеми.

 

Тој ги обвини и новинарите дека неоправдано ги нападнале пратениците и дека пратениците секогаш се „дежурни виновници“.

 

„Ајде на овој начин да ги испровоцираме другите функционери и да не сме ние на мета постојано. Еднаш да работимe за народот и да се жртвуваме, за новинарите да не пишуваат за нас“, рече Адеми.

 

Предлогот на власта за кратење на патните трошоци денеска се најде пред  членовите на комисијата за труд и социјална политика.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien