Манчестер јунајтед е најбогат клуб во светот

Познатата ревизорска компанија „Deloitte“ ја објави листата од 20 најбогати светски клубови во светот во сезоната 2016/17., а втора година по ред на врвот е Манчестер Јунатјед со 676,3 милиони евра заработка. Англискиот гигант така по 10. пат е клуб со најголеми приходи во светот.

 

Следуваат два шпански клуба, Реал Мадрид е втор  со 674,6 милиони евра, Барса е трета со 648,3 милиони. Баерн Минхен со 587,8 милиони е четврти и е единствениот германски клуб во ТОП 10, а ТОП 5 го затвори Манчестер Сити со 527.7 милиони. Арсенал е на шестото место со 487.6 милиони евра заработка,  седморангиран на оваа листа е ПСЖ со 486.2 милиони евра, потоа следи англискиот шампион Челси осми со 428 милиони евра, а по „сините“ се Ливерпул со 424.2 милиони евра и Јувентус со 405.7 милиони евра годишен приход.

 

Листата на 10. најбогати клубови:

 

1.Манчестер Јунајтед: 676,3 милиони евра.
2. Реал Мадрид: 674,6 милиони евра.
3. Барселона: 648,3 милиони евра.
4. Баерн Минхен: 587,8 милиони евра.
5. Манчестер Сити: 527,7 милиони евра.
6. Арсенал: 487,6 милиони евра.
7. ПСЖ: 486,2 милиони евра.
8. Челзи: 428 милиони евра.
9. Ливерпул: 424,2 милиони евра.
10. Јувентус: 405.7 милиони евра.

 

Доминацијата на англиските клубови е поради огромниот приход од ТВ правата, па затоа во Топ 20 уште се најдоа и Тотенхем, Лестер, Вест хем, Саутемптон и Евертон. Од останатите лиги тука се и Борусија Дортмунд, Атлетико Мадрид, Интер, Шалке и Наполи. За прв пат откако се пресметуваат приходите, во Топ 20 го нема некогашниот италијански гигант Милан.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.