Паника во Европа: Во Белгија украден камион со 34.000 литри експлозивни хемикалии

Камион со приколка и повеќе од 34 илјади литри суровина за експлозивен материјал викендов е украден во Белгија.

 

Поради кражбата на материјалот кој главно се користи за правење бомби, Интерпол веднаш го огласил алармот, а предупредувањето било издадено до сите европски полиции.

 

Кражбата се случила во саботата во градот Заделгем, а е позната и регистарската табличка на камионот, но засега нема повеќе информации за инцидентот.

 

Посебно, во состојба на узбуна се разузнавачките агенции и граничните полиции во Луксембург, Холандија, Белгија, Германија, Франција и Италија.

 

Како што јавуваат европските медиуми, камионот превезувал материјал познат како радијацид, што е општ назив за производи на една белгиска компанија.

 

За инцидентот не се откриваат повеќе детали, но белгиските власти веруваат дека разбојниците веќе ги смениле регистарските таблички на камионот и оти имаат намера да ја напуштат Белгија.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.