Предвидени околу 270 милиони евра за изградба и реконструкција на патиштата

Инвестиции од 16.748.600.000 денари се предвидени со Годишната програма за изградба, реконструкција, рехабилитација и одржување на државните патишта за 2018 година на Јавното претпријатие за државни патишта, што беше усвоена на вчерашната владина седница.

 

Од Министерство за транспорт и врски информираат дека, помеѓу позначајните проекти предвидени во оваа програма се продолжување на изградба на автопатиштата Кичево – Охрид и Миладиновци – Штип, изградба на експресни патишта Штип – Кочани, Штип – Радовиш, Градско – Прилеп, државен пат Струмица – Ново Село кон границата со Бугарија во должина од 20 километри, изградба на експресен пат делница Ранковце – Крива Паланка и други.

 

„Владата интензивно ќе продолжи со изградба и реконструкција на патната инфраструктура со цел да се стимулира економскиот раст и развој на земјата“, соопшти Министерството за транспорт и врски.

 

Во програмата предвидено е изградба и рехабилитација на повеќе државни и регионални патишта, изградба и санација на мостовите, осветлување на клучките, поставување на сообраќајна сигнализација и опрема, санација на свлечиштата.

 

Предвидени се и проекти за воведување на електронски систем за наплата на патарини на Коридор 10 како и проект за проценка на безбедноста на патиштата (IRAP).

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien