Собир на светските лидери во Давос, Заев на средба со Ципрас

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, од 24 до 26 јануари, ќе учествува на годинашниот Светски економски форум во Давос, Швајцарија, на кој учествуваат шефови на држави и влади, други државни претставници, како и лидерите на најголемите компании во светот.

 

Сите очи се вперени кон швајцарскиот зимски центар, каде, според официјалната програма во утре 13 часот е закажана средбата на Зоран Заев и Алексис Ципрас.

 

Разговорите во Давос ќе покажат во која насока се движиме, вели грчкиот министер за надворешни работи Коѕијас. Од Владата во Атина очекуваат да се направи напредок во насока на изнаоѓање едно заемно прифатливо решение, додека од Владата на РМ велат дека се во тек консултациите и се прават напори процесот да биде инклузивен.

 

Како дел од активностите, Претседателот на Владата на Република Македонија ќе оствари средба со еврокомесарот за европска соседска политика и проширување, Јоханес Хан.

 

Во текот на овој работен престој на Светскиот економски форум во Давос, премиерот Заев покрај тоа што ќе ги проследи обараќањата на светските лидери, ќе учествува и во панел дискусии и работни средби со економски лидери од светот и со други високи гости од регионот, ЕУ и САД на следниве теми: Новите лидери на Европските средби (New Leaders for Europe meeting), Креирање на споделена иднина во поделениот свет (Creating a Shared Future in a Fractured World), Прозорец на можности за Европа (A Window of Opportunity for Europe), и Забрзување на долгорочниот развој на Западен Балкан (Accelerating the Long-term Development of the Western Balkans).

 

За време на престојот во Давос, премиерот ќе оствари и повеќе други работни состаноци и билатерални средби со потенцијални инвеститори, бизнис лидери и соработници.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien