Вечер за историја: Леброн Џејмс стана најмладиот кошаркар кој постигнал 30.000 поени

Леброн Џејмс утрово испиша историја на гостувањето кај „Спарси” откако го надмина Коби Брајант и стана најмладиот играч кој стигнал до 30.000 поени во својата НБА кариера во регуларниот дел од сезоната.

 

За време на синоќешниот натпревар против Сан Антонио Спарс, Леброн требаше да уфрли само 8 поени за да стигне до оваа бројка, а тој постигна 28. Тој стана само седмиот играч на кого ова му пошло одрака, но и најмлад со 33 години и 24 дена, рушејќи го достигнувањето на Коби Брајант (34 години и 104 дена).

 

Покрај Брајант, кој е трет на вечната листа на стрелци со 33.643 поени, Леброн им се придружи на Карим Абдул Џабар (38.387), Карл Мелоун (36.928), Мајкл Џордан (32.292), Вилт Чемберлејн (31.419) и Дирк Новицки (30.837 и брои) во одбраното друштво.

 

Кливленд Кавалирс сепак загубија од Спарси 114 – 102.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien