Во 2018 година ЕЛЕМ ќе одвои 20 милиони евра за заштита на животната средина

Електрани на Македонија во својата Годишна инвестициска програма ќе одвои 20 милиони евра за еколошки проекти со кои ќе придонесе во заштитата на животната средина.

 

Во Годишната инвестициска програма на АД ЕЛЕМ, која била презентирана пред членовите на Владата, посебно место зазема  поглавје за екологија во кое е вклучена финансиската ставка за реконструкција на електростатски филтри и за намалување на емисии на прашина во РЕК Битола, како и  за развој на капацитети за обновливи енергии, односно изградбата на фотоволтаични електрани и ветерни електрани, со предвидени финансиски средства за нивна изградба.

 

„Сметаме дека сумата која е издвоена е крајно сериозна и ќе придонесе кон подобрување на аерозагадувањето во Битола и околината“, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

 

Владата  ги разгледа и поддржа Финансискиот план, Годишната инвестициска програма и Годишниот план за јавни набавки на АД Електрани на Македонија, во државна сопственост, Скопје, за 2018 година.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.