Забрана за работа на болницата „Санте Плус“ по смртта на родилката

Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршил вонреден инспекциски надзор во приватната здравствена установа „Санте Плус“. Констатирал  недостатоци, заради што од страна на Инспекторатот е дадена забрана за работа сѐ до отстанување на недостатоците.

 

„На  23 јануари од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат е извршен вонреден инспекциски надзор во ПЗУ Свети Лазар (Моја Болница-Санте плус), во однос на почитување на законската регулатива, при што се констатирани недостатоци, заради што од страна на ДСЗИ записнички и со решение е дадена забрана за работа сè до отстранување на констатираните недостатоци“, соопшти инспекторатот.

 

Во оваа болница на 18-ти јануари почина родилка од Кичево, а бебето беше хоспитализирано на Клиниката за детски болести и приклучено на респиратор на Одделот за интензина нега. Сега неговата здравствена состојба е стабилна.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien