Лига на нации: Македонија во група со Ерменија, Лихтенштајн и Гибралтар

Македонската фудбалска репрезентација се најде во групата Д4 во новото натпреварување на УЕФА наречено Лига на нации. Противници на нашата селекција ќе бидат Ерменија, Лихтенштајн и Гибралтар.

 

Новото натпреварување на УЕФА ќе се игра во термините предвидени за пријателски натпревари, а ќе учествуваат 55 репрезентации од Европа, поделени согласно коефициентот на УЕФА.

 

Сите 55 учесници се распределени во четири лиги. Четирите победници од секоја група во четирите лиги продолжуваат во плеј-оф каде ќе се борат за пласман на Европското првенство. Лига на нации започнува на 6-ти септември 2018 година, а групната фаза ќе трае до 20-ти ноември. Четири репрезентации преку новото натпреварување на УЕФА ќе се квалификуваат на ЕП 2020.

 

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија Игор Ангеловски, за официјалната интернет страница на ФФМ порача дека целта е првото место во групата, а за тоа ќе одлучува директната пресметка со Ерменија.

 

Нашата цел е првото место. Ќе одлучи дуелот со Ерменија, но треба да бидеме максимално подготвени за дуелите со Лихтенштајн и Гибралтар. Верувам во квалитетот и карактерот на нашите играчи, кои докажаа дека можат да играат и против посилни репрезентации. За успех потребна е поддршка од сите бидејќи Македонија заслужува такво нешто“, вели Ангеловски.

 

По серијата успеси лани, напредокот од 90 места во 2017 година, кој продолжи и на првото јануарско рангирање на ФИФА-листата, со право ја наметнуваат главната цел, а тоа е прво место во групата, кое води во Ц-дивизијата во следниот циклус, а патем и во плејофот за пласман на Евро 2020.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien