Македонија во сабота ќе го добие ривалот во баражот за СП

Македонската ракометна репрезентација вечерва го игра последниот натпревар од втората фаза, а веројатно и последен натпревар воопшто на Европското првенство, ако не успееме да се избориме за третото место во групата и меч за петтата позиција на шампионатот.

 

Македонија ќе игра против големиот фаворит Данска, која веќе обезбеди пласман во полуфиналето, додека ние ќе бидеме без услугите на капитенот Кире Лазаров.

 

Нашите шанси за полуфиналето беа загубени вчера кога од готово направивме „вересија“ во мечот со Чешка, па затоа пласманот на Светското првенство ќе мораме да го бараме преку баражот. Олеснителна околност е што на ждрепката, која ќе се одржи во сабота во Загреб, ќе бидеме носители, па како можни противници се јавуваат незгодните Црна Гора, Унгарија и Русија, но и аутсајдерите Австрија, Португалија, Холандија, Литванија, Романија и Босна и Херцеговина, која патем може да остане без место во баражот и на нејзино место да скокне Швајцарија.

Данска и Германија како домаќини на Светското првенство веќе обезбедија директен пласман, а таму ќе им прави друштво и актуелниот светски првак Франција. Место на Мундијалот ќе добијат и новиот европски првак, а доколку овие три селекции завршат на првите три места на ЕП во Хрватска, тогаш директен пласман на ЕП ќе добие четвртата репрезентација на континенталниот шампионат.

 

Извор: Спортклуб

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien