Нил Дајмонд се повлекува од настапи, дијагностицирана му е Паркинсонова болест

Американскиот пејач Нил Дајмонд денеска објави дека ја откажува актуелната турнеја и се повлекува од одење на турнеи бидејќи дознал дека боледува од Паркинсонова болест.

 

Седумдесетгодишниот пејач ги откажа мартовските концерти во Австралија и Нов Зеланд поради советите од докторите. Турнејата беше организирана по повод 50-годишнината од неговата кариера.

 

„Навистина ми е чест што успеав да се претставам на публиката преку концертите во изминатите 50 години. Примете го моето лично извинување сите вие кои купивте карти и сакавте да дојдете на концертите. Фала на целата моја лојална и посветена публика низ светот“, рече Нил Дајмонд во официјалната изјава за медиумите.

 

Дајмонд се надева дека ќе продолжи да пишува и да снима во наредниот период. Тој во богатата кариера има добиено Греми награда, продаде 130 милиони албуми ширум светот и ќе остане запамтен како еден од најпродаваните артисти на сите времиња.

 

„Благодарен сум ѝ на мојата лојална и посветена публика низ целиот свет. Секогаш ќе ве ценам за вашата поддршка и охрабрување. Ова патување  беше толку добро, толку добро, благодарение на вас “, рече Дајмонд.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien