Јанакиески дал отказ во ВМРО-ДПМНЕ и се вработил во „Пелистерка“

При проверката на личните податоци на денешниот почеток на судскиот процес за уривањето на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски, обвинетиот ексминистер за транспорт и врски, Миле Јанакиески му кажа на судот дека повеќе не работи во ВМРО-ДПМНЕ. Јанакиески рече дека сега се вработил во компанијата „Пелистерка“, која е во сопственост на неговиот кумашин Дејан Панделески.

 

Во овој случај првообвинет е Никола Груевски, а покрај него обвинети се уште шест лица меѓу кои и Јанакиески.

 

Истрагата за предметот со кодно име ТНТ беше отворена во април 2016 година, а летото 2017 година СЈО поднесе обвинителен акт.

 

На првото рочиште за уривањето на „Космос“ сопственикот Фијат Цаноски најави оштетно побарување. Рочиштето со дополнување на воведниот говор и доказната постапка, со сослушување сведоци е закажано на 9 февруари.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.