Елтон Џон се повлекува од музичката сцена

По 50 години на сцената, легендарниот британски музичар Елтон Џон најави повлекување од турнеи и големи концерти.

 

Медиумите на островот пишуваат дека британската ѕвезда се одлучила на овој чекор поради лошата здравствена состојба.

 

Изминатата година Елтон Џон помина 12 дена во болница поради бактериска инфекција.

 

„Знаев дека сум болен но не знаев дека имам таква опасна бактерија во мене се додека не  добив снимка. Ќе умрев да не правев операција“, рече тогаш Џон.

 

Џон најави дека сака да се повлече и поради тоа што сака да помине повеќе време со своето семејство – сопругот Дејвид Фурниш, кој воедно е и негов менаџер и нивните деца Закари и Елајџа, родени преку сурогат мајки.

 

Елтон Џон е отворен во јавноста за својата хомосексуалност и беше гласен борец за правата на ЛГБТ заедницата.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи