Во пожар загинаа 5 членови на едно семејство во Тетово

Пет лица, мајка и четири малолетни деца, се жртви на големиот пожар што утрово околу 3 часот и 30 минути ја зафатил куќата на семејството Зулбеари на ул. „Гоце Делчев“ бр. 185 во Тетово.

 

Тие не успеале да и избегаат на огнената стихија која го зафатила вториот кат од куќата, додека бабата и дедото кои живееле на првиот кат безбедно се извлечени За време на пожарот, сопругот на Фатиме не бил дома бидејќи работел како ноќен чувар. Како причина најверојатно се наведува каминот кој се наоѓал на вториот кат. Од таму огнот се проширил низ целиот објект.

 

Тетовските пожарникари соопштија дека дошле со четири возила за да го гаснат пожарот кој зафатил три куќи. Кога стигнале до куќата на загинатите, таа веќе била во голема мера опожарена.

 

„Изгорената покривна конструкција беше падната над тела кои ги видовме, над жртвите за кои не знам колку се и како се починати. На самото место се увиде дека има три куќи зафатени од пожар. Во средина е куќата со жртвите, целосна зафатена од пламени јазици. Се обидовме да го спречиме пожарот зашто се ширеше и нагоре и надоле. Куќите се „залепени“ една до друга. Оваа што изгоре беше стара куќа со стар материјал што лесно гори. Ако се проширеше, ќе беше уште поголема катастрофа. Имавме проблем за движење по тесните улици“, изјави Ука Алити, командир на тетовската противпожарна единица.

 

При гаснењето на пожарот интервенирале 13 пожарникари. Обвинителството соопшти дека е издадена наредба за обдукција на телата на загинатите. Исто така, информираа дека за утврдување на причините за пожарот е повикана форензичка екипа од Скопје и луѓе од електродистрибутивна компанија.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien