Дамовски останува во притвор, Апелација ја одби жалбата

Апелацискиот суд Скопје ја одби жалбата на одбраната на режисерот Борис Дамовски и тој останува во притвор во истражниот затвор Шутка.

 

Тој прво беше во домашен притвор, но по жалбата на Обвинителството, Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ја преиначи претходната одлука и му определи 30 дневен притвор.

 

Дамовски е осомничен за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата за настаните од 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија.

 

Дамовски, Богдан Илиевски, Игор Дурловски и Владо Јовановски беа организатори на протестите „За заедничка Македонија“.

 

До сега Апелацискиот суд ги одби жалбите на сите осомничени кои побараа да им биде укината мерката притвор и да им биде определена поблага мерка за обезбедување на присуство на осомничените за настаните во Собранието.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.