Железничка несреќа кај Милано, најмалку 4 жртви и над 100 повредени

Стравична несреќа го потресе Милано. Воз излетал од шините и во смрт однесе најмалку четири лица.  Повеќе од 100 пак се повредени, од кои десетина се здобиле тешки телесни повреди.

 

Регионалниот воз Тренорд 10452, полн со патници, се движел од Кремона кон Милано, кога неколку вагони се излизгале од шините, а два од нив се превртеле во Пјолтело, на околу 40 километри од Милано.

 

Пожарникарите водат со битка времето и се обидуваат да ги ослободат патниците кои  останале заробени во вагоните.

 

Железницата Тренорд ја потврди несреќата, како и дека засега не се знаат причините кои довеле до неа. Возот се состоел од шест вагони, а местото на инцидентот е тешко достапно. Таму се присутни бројни спасувачки екипи. Ова е најтешката железничка несреќа во Италија по јули 2016. година, кога во судир на два патнички воза на Јадранскиот брег загинаа преку 20 луѓе.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien