Левица: Да се стави крај на двојните аршини во судството

Да се стави крај на двојните аршини во судството, побараа членовите на Левица, по новото рочиште за членот на нивната партија Мариглен Демири, кој се сомничи за кршењето на канцеларијата на претседателот Ѓорге Иванов за време на протестите на Шарената револуција.

 

„Нашите членови се уште се влечат по судови. Бевме гонети од претходната Влада, но не знаеме зошто истото го прави и оваа гарнинтура, со која заедно се боревме да падне режимот. Случувањата ни даваат да за право да кажеме дека едниот режим е заменет со друг режим. Ние не се боревме за ова, за нашите соборци да се свртат против нас“, рече Џејлан Велиу од Левица.

 

Здравко Савески истакна дека на денешното рочиште повторно имало смена на судија што се случува по трет пат.

 

„Во однос на рочиштето денес повторно по трет пат имаше смена на судија. По две години имаше поместување од мртва точка, што говори многу за судството во земјава. Очигледно се сака да се спроведе малтретирање, бидејќи освен тоа, ова не може да се толкува поинаку“, вели Савески.

 

На пресот, членови на партијата излегоа со транспаренти со слоганот „Нема правда, нема мир“, што се користеше за време на „Шарената револуција“.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien