Малата Јована ја пронајде среќната паричка во бурекот од Жито Прилеп

Како секоја година, така и оваа Жито Прилеп заедно со граѓаните на град Прилеп традиционално го одбележа празникот Василица.

 

Темпераментна, мила и со многу радост малата Јована Бошевска ни соопшти дека токму таа ја пронашла среќната паричка во бурекот за време на семејниот ручек, а како подарок од компанијата си доби златник со ликот на Богородица и 39 инчен телевизор Филипс. Вели, најмногу сака да гледа цртани и да слуша музика, а отсега натаму тоа ќе го прави заедно со нејзиното мало братче Ведран.

 

Организирањето на колективното одбележување на празникот Василица на ниво на град Прилеп е традиција која компанијата ја воспостави со цел да ги поддржи и унапреди  човековите вредности  и да ги поттикне младите луѓе да не ја  забораваат на македонската традиција.

 

„Прилеп е град каде традиционално се одбележува празникот Василица со вртење бурек со паричка. Тоа е ден кога секој секого го прашува „Кај кого се падна паричката?“, а социјалните мрежи изобилуваат со фотографии со среќните пронаоѓачи. Годинава малата Јована беше најсреќна во Прилеп. Среќни сме што младите семејства ја негуваат традицијата на одбележување на празникот Василица, а особено ни е драго што довербата за квалитетна храна и ја дале токму на нашата компанија“, рече Елизабета Мојсоска, задолжена за односи со јавност во Жито Прилеп АД Прилеп.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien