Рамос: Не сакаме нов тренер, му веруваме на Зидан

Facebook
Twitter
Email
Print

Екипата на Леганес направи вистински историски подвиг елиминирајќи го Реал Мадрид во четвртфиналето од Кралскиот Куп и тоа со победа на „Сантијаго Бернабеу“ од 1:2.

 

Оваа сезона резултатите на актуелниот шампион на Европа се под сите нивоа. Во првенството практично веќе ги загубија шансите со заостанувањето од 19 поени зад лидерот Барселона, а после елиминацијата и од купот медиумите повторно го актуелизираа прашањето за отказ на Зидан.

 

Сепак Серхио Рамос и покрај слабите резултати не сака промени и се уште ја дава својата поддршка на Зинедин Зидан.

 

„Не би сакал промени во клубот. Елиминацијата во купот е голем неуспех за нас и постојат многу прашања на кои мора да одговориме, но играчите ќе застанат во одбрана на Зидан. Поминуваме низ тежок период, но мора да останеме заедно“, вели Шпанецот.

 

Леганес инаку ја игра својата втора сезона во елитата во Шпанија, а клубот постои веќе 90 години.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи