Хјустон го доби дербито на Тексас

Лидерот во Југозападната дивизија, Хјустон Рокетс триумфираше по четврти пат со 104: 97 во салата во Далас.

 

Играчите на Рокетс ја имаа постојано иницијативата, благодарение на играта на Џејмс Харден кој успеа да прокнижи 25 поени со 13 асистенции,а имаше помош и од Тревор Ариза кој уфрли 23 поени.

 

Во тимот на Далас Маверикс се издвои кошаркарот Весли Метјуз кој немаше поддршка од останатите и сам одигра брилијантна партија за домашниот тим на која постигна 29 поени.

 

„Рокетс“ го победи овој ривал по втор пат во сезоната, со уште два дерби на Тексас до крајот на кампањата – едно во Хјустон и едно во Далас.

 

 

Резултати:

 

Шарлот – Њу Орлеанс – 96: 101
Детроит – Јута – 95:98 по продолжение
Индијана – Феникс – 116: 101
Филаделфија – Чикаго – 115: 101
Атланта – Торонто – 93: 108
Далас – Хјустон – 97: 104
Мемфис – Сан Антонио – 85: 108
Портланд – Минесота – 123: 114
Лос Анџелес Клиперс – Бостон – 102: 113

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien