Ердоган: Можно е да се прошири операцијата и до границата со Ирак

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека Анкара може да ја прошири воената операција во северозападниот дел на Сирија и до границата со Ирак.

 

Обраќајќи се на локалните лидери од неговата владејачка Партија на правдата и развојот, Ердоган рече дека Турција „ќе продолжи на исток, вклучувајќи го и градот Манбиџ”.

 

„Операцијата „Масиново гранче” ќе трае се додека не ги постигне  целите. Ќе го исчистиме Манбиџ од терористи и нашата борба ќе трае додека ниту еден терорист нема да има на нашата граница со Ирак“, рече Ердоган.

 

Турција во саботата ја започна операцијата „Маслиново гранче“ и  изврши воздушни напади врз единицата на курдските Сили за заштита на народот, кои имаат поддршка од Американците, додека, пак, Анкара смета дека е продолжена рака на терористичката Курдска работничка партија (ПКК).

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.